„Гаспром“ нема да ја намали испораката на гас за Молдавија


 

Рускиот државен гасен гигант „Гаспром“ одлучи да не ги намалува испораките на гас за Молдавија, но во денешното соопштение предупреди дека го задржува правото да го намали или прекине снабдувањето доколку Кишињев не го изврши договореното плаќање на гасот.

„Гаспром“ минатата недела ја обвини Украина дека задржува дел од гасот што го испраќа во Молдавија преку земјата, заканувајќи се дека би можел да почне да го намалува протокот низ Украина.

Киев негираше дека го задржува рускиот гас наменет за Молдавија.