Гасоводите „Северен тек“ биле оштетени од „моќни експлозии“, соопшти данската полиција
Прелиминарните истраги потврдија дека експлозиите биле причина за оштетување на двата големи гасоводи меѓу Русија и Европа минатиот месец, се вели во соопштението од вторникот на данските власти.
„Истрагата потврди дека има голема штета на ‘Северен тек 1 и 2“ во ексклузивната економска зона на Данска и дека штетата е предизвикана од силни експлозии“, се вели во соопштението на полицијата на Копенхаген и Данската служба за безбедност и разузнавање.
Создаден е заеднички истражен тим „за понатамошно испитување на инцидентите“, се додава во соопштението.
Западните земји рекоа дека истекувањата откриени минатиот месец во двата руски гасоводи најверојатно се резултат на саботажа.
Истрагите на европските власти утврдија дека силните подводни експлозии се случиле непосредно пред да пукнат нафтоводите на неколку места.
Гасоводите беа создадени за да го префрлаат гасот од Русија во Европската унија и беа контроверзни долго пред Русија да започне војна со Украина, најмногу поради стравувањата околу европското потпирање на руската енергија.