Гаши: ВЛЕН ниту е „ранета“, ниту претрпе „земјотрес“

@Апсолутно немаме никаков страв од избори и целосно сме убедени за исходот по изборите#, тврди претседателот на Собранието Африм гаши во интервју за „Нова“.
-Ќе повторам дека коалицијата ВЛЕН ниту е „ранета“, ниту претрпе „земјотрес“. Напротив, последните политички движења ја докажаа силата и кохезијата на ВЛЕН. Што се однесува до резултатот на локалните избори, ВЛЕН веќе го именуваше шефот на Централниот изборен штаб за локалните избори – пратеникот Аднан Азизи, и веќе се прават потребните теренски анализи. Сигналите што ги добиваме од членството и граѓаните се позитивни и охрабрувачки.
Веќе е јасно дека случувањата не влијаеа врз стабилноста на ВЛЕН. Сепак, вие знаете дека јас се воздржувам од коментирање на внатрешните случувања во политичките партии, затоа што сметам дека тоа се прашања што им припаѓаат на самите лидери на партиите. Но, секако, како претставник кој доаѓа од таа коалиција и како претседател на Собранието, можам да кажам дека најзабележителната промена што може да се види е промената во составот на пратеничката група. Имаме нов координатор на пратеничката група на ВЛЕН и во моментов се прават потребните промени во работните тела. Што се однесува до изненадувањето, сметам дека најмногу оваа одлука или движење го изненади членството на АА, па оттаму се забележува и протест од страна на членството против оваа одлука, изјави Гаши.
Тој нагласи дека, за разлика од претходните мандати, не може да го принуди Собранието на забрзување на одредени законски предлози.
-Можеме да го нагласиме фактот дека во овој мандат и во овој состав не е злоупотребено европското знаме. Ова беше една злогласна практика што се користеше за избегнување на дебата за разни законски решенија. За ова имаше и сериозни забелешки од Европската комисија и од Делегацијата на ЕУ во Скопје. Имено, донесени се само 4 закони со оваа процедура, што покажува дека во овој мандат овој тип злоупотреба е целосно спречен.
Дополнително, за една година се одржани 10 јавни расправи, што претставува околу 60% од вкупниот број јавни расправи што беа одржани во целиот претходен мандат (17 расправи за 4 години во мандатот 2020–2024). Ова покажува дека законските решенија се процесираат со голема будност и со максимално вклучување на сите засегнати страни, твтрди Гаши.