Гардијан: Популистистот и авторитарец Вучиќ – главен виновник за климата на насилство во Србија
Претседателот Александар Вучиќ, популист, авторитарец кој го поддржува Кремљ и чии политички корени се во екстремно-десничарскиот национализам, како министер за
информации на покојниот српски водач и воен злосторник Слободан Милошевиќ,
објави дека двата неодамнешни трагични настани во земјава – масовното пукање во
училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград и масовното пукање кај градот Младеновац – се
„напад врз целата земја“, пишува Гардијан.Но, според весникот, во длабоко поделената земја, во која има многу смртоносното оружје, во која се величат воените злосторници, а во реалните шоуа на државната телевизија се прикажуваат осудени убијци и сеќавања на насилните конфликти од последните години, последиците се длабоки.

Многумина се сомневаат дали ветувањето на претседателот за разоружување на земјата ќе се оствари доволно. Србите предале повеќе од 13.500 парчиња оружје – од пиштоли, преку
рачни гранати до фрлачи на противтенковски гранати – и стотици илјади парчиња муниција.
Вучиќ вети двегодишен мораториум за издавање на нови дозволи за носење оружје, преиспитување на сегашните дозволи, повеќе психолошки проверки,
1.200 дополнителни полицајци во училиштата и подолги затворски казни за
злосторства со оружје и нелегално поседување оружје.
Наедно, Вучиќ ги обвини своите противници дека се обидуваат да ги искористат трагедиите за политички цели и најави планови за сопствен митинг на крајот на мај. Во неделата, тој рече дека „наскоро“ ќе се повлече од функцијата водач на владејачката Српска напредна партија, ветувајќи нови парламентарни избори пред крајот на септември.
„Постои традиција да се чува огнено оружје во домовите, да се предава
од генерација на генерација и да се пука во воздух за време на прославите“, рече Маја
Биелош, истражувач во белградскиот Центар за безбедносна политика. „Слабата безбедност
во фабриките за оружје и полициските магацини се дел од причините за распространетоста на оружјето, покрај криминалните мрежи во Србија и пошироко“.
Поради наследството од војната, ендемичната корупција и високите нивоа
на насилството во општеството, во политиката и во медиумите, експертите одамна предупредуваат дека да се има толку многу пиштоли – е закана. Зоран Гавриловиќ, социолог во Бирото за социјални истражувања, рече дека пукањето не било
изненадување.
„До ова води социјалната клима, имаме општество каде што има насилство.
Беше само прашање на време кога ќе експлодира“, рече тој.
Многумина го обвинуваат Вучиќ дека намерно поттикнува клима на насилство.
„Индиректно Вучиќ е главниот виновник – тој е тој што ја создаде оваа атмосфера на омраза преку нападите од неговите медиуми“, рече Мариника Тепиќ, висок опозициски политичар.
Вучиќ и неговата владејачка партија редовно ги понижуваат своите политички противници и
ривали како „чистачи“, „крадци“ и „педофили“, а од страна на парламентарците на состаноците доминираат груби и агресивни навреди.
„Нема да се излечиме дури и да се одземат сите пушки и сите социопати се
стават зад решетки се додека нашата судбина ја одредува тој што го поттикнал и придвижил ова
зло“, напиша на Твитер лидерот на опозицијата Здравко Понош.
Речиси 450.000 луѓе потпишаа петиција со која повикуваат на двата провладини
радиодифузери да им се одземат лиценците за насилните реални шоуа,
кои според некои проценки сочинуваат 60% од нивната програма во последно време.
Мафијаши, воени злосторници и озлогласени брутални фудбалски хулигани редовно
учествуваат во сцени каде жените се тепаат и се упатуваат закани со пиштоли, а
исто така во политичките преноси Вучиќ и неговите сојузници ги тормозат
своите противници.

„Во Србија постои индустрија на популизам која има за цел да го промовира Вучиќ
и да ги оцрнува неговите противници“, вели Гаврилович. „Насилството во реалните шоуа служи за легитимирање на агресивниот политички речник. Говорот на омраза испорачан од
главните општествени и политички актери во Србија и преку нејзините главни медиуми
го направија јазик број еден во земјата“, вели тој.
Откако Вучиќ дојде на власт, Србија падна од 54 на 93 место од 180 земји на
светскиот индекс за слобода на говор на Репортери без граници. Независните медиуми
постепено се истиснати, а новинарите – нападнати.Теоретски кандидат за влез во ЕУ, земјата е растргната меѓу Западот и нејзините историски, политички и економски врски со Русија, словенски и православен христијански сојузник. Минатата недела, Европскиот парламент истакна неколку пречки за пристапувањето во ЕУ, меѓу кои и одбивањето на Белград да се приклучи кон санкциите против Русија и нејзината неподготвеност да го признае Косово како независна држава. Проруската реторика на медиумите контролирани од владата и владините функционери не помага за клучните прашања како владеењето на правото, слободата на медиумите и односите со Косово и со Москва.

„Србија мора јасно да покаже дека сака да се приклучи на ЕУ. Заврши времето на седење на две столчиња и балансирање меѓу Западот и Русија„, вели Клемен Грошел, словенечки европратеник, кој го истакна недостатокот на напредок во независното судство и медиумите, кои „ниту се независни, ниту објективни“.
„Јас сум многу песимист“, рече тој. „Кога ја посетив земјата по падот на
Милошевиќ, имаше позитивна енергија. За жал, таа избледе. Нема вистинска и
чесна политичка волја за промените и за да биде дел од ЕУ. Србија наскоро ќе мора
да направи избор“, порача тој. (Гардијан)