Гардијан: Можно е да не добиеме вакцина против корона вирус

Тешко е да се претера со нагласувањето на важноста од развој на вакцина против новиот корона вирус. Тоа е брз пат за враќање на нормалниот живот и причина зошто министерот за здравство на Велика Британија Мат Ханкок рече дека Британија во развој на вакцина ќе вложи се што може.

Но, сепак постои можост никогаш да не добиеме вакцина против корона вирус. Јан Семпл, уредник на научната рубрика на угледниот Гардијан излезе со напис во кој објаснува зошто.

Го цитира главниот медицински службеник на Англија Џонатан Ван-Там, кој изјави дека нема стопроцентна сигурност дека ќе дојде до вакцина.

„Вакцините во принцип се едноставни, но комплексни во стварноста. Идеална вакцина штити од инфекција, спречува ширење на заразата и тоа го прави на сигурен начин. Но, ништо од тоа не е едноставно да се направи, како што ни покажува историјата на вакцините“, вели Семпл.

Наведува дека повеќе од 30 години поминаа откако научниците го изолираа вирусот ХИВ кој предизвикува СИДА, но и понатаму немаме вакцина. Треската Денга е идентификувана во 1943 година, а дури лани е одобрена вакцина против неа.

Најбрзо некогаш произведена вакцина е таа против заушки. Целиот процес траел четири години.

Стручњаците не почнаа од нула

Научниците веќе работеа на вакцини против корона вируси, па не почнуваат од нула. Сепак, најголема загриженост има затоа што корона вирусите не покренуваат имуност кај човекот која трае долго. Речиси четвртина од обичните настинки ги предизвикуваат корона вирусите, но имуносниот одговор толку брзо престанува што луѓето веќе следната година може повторно да се заразат.

Научниците од Оксфорд кои развиваат вакцина неодамна анализираа крв од пациенти кои оздравеле од Ковид-19 и пронајдоа дека нивото на антитела расте по провиот месец, но потоа почнува да паѓа.

Нивните колеги од Универзитетот „Рокфелер“ во Њујорк открија дека повеќето оздравени од Ковид-19 кои не отишле во болница немале антитела.

„Тоа е многу предизвикувачки. Ако обична инфекција не дава големо ниво на имунитет, освен кога зборуваме за сериозна инфекција, што може вакцината? Може подобро од тоа, но не знаеме дали ќе биде така. Ако вакцината ќе не штити една година, новиот корона вирус ќе биде меѓу нас уште долго“, вели Стенли Перлман, долгогодишен научник кој работи на истражување на корона вирусот на Универзитетот „Ајова“.

Генетската стабилност на вирусот е исто така важна. Некои вируси, како оној на грип, мутираат толку брзо што производителите на вакцини мора да прават нови формулации секоја година.

Рапидната еволуција на ХИВ е причина зошто немаме вакцина против таков вирус.

За сега, САРС Ков-2 се чини стабилен, но има мутација, како и сите вируси. што е база за повеќето вакцини. Ако тој протеин мутира, тогаш антителата кои ги добиваме преку некоја вакцина нема да бидат доволни да ја спречат инфекцијата.

Ќе добиеме ли вакцина?

Одговорот на тоа прашање е следен. Веројатно да. Процесот е многу комплициран, а главниот нагласок е ставен на строгата контрола на сигурноста на вакцината за да не предизвика опасни нуспојави. Во моментот во цел свет во развој се повеќе од 100 вакцини.

„Најверојатно, вакцината против новиот корона вирус нема да биде 100 отстотно ефикасна. Во развојот се користат барем осум различни пристапи. Во идеален случај, вакцината која ќе ја добиеме ќе створи константа и високо ниво на антитела за уништување на вирусот и стварање Т-келии за уништување заразени келии. Сепак, секоја вакцина е различна и денеска никој не знае каков одговор на имунолошкиот систем е доволно добар’, напоменува уредникот на научната рубрика на Гардијан.