(Галерија) „Стибера, 70 години археолошки истражувања“ изложба во Археолошкиот музеј во Скопје


Стибера - (Фото: Б. Грданоски)

Од денеска до 25 ноември годинава, во Археолошкиот музеј ќе биде отворена изложбата „Стибера, 70 години археолошки истражувања“.

Првите систематски археолошки ископувања на античкиот град Стибера ги спровел Археолошкиот музеј во Скопје во 1953 г. Археолошките истражувања продолжуваат во 1959 г. и до денес ги води Заводот и Музеј во Прилеп.

Низ овие 70 години Стибера раскажува за својот живот и нејзините граѓани преку откриените градби и преку движниот археолошки материјал, кои се вбројуваат меѓу најпрепознатливите во македонската археологија. Историјата на Стибера преку пронајдените археолошки предмети со оваа изложба за прв пат интегрално се претставува пред пошироката јавност како соработка меѓу двете установи кои ја истражувале.

Изложбата „Стибера, 70 години археолошки истражувања” е финансиски поддржана од Министерството за култура преку Годишната програма за финансирање проекти од национален интерес за 2023 година.

Погледнете дел од поставките:

Фото: Б. Грданоски