(Галерија) Снегот и вирусот ја однесоа шегата во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Место утрово да се пошегуваме со пријателите и комшиите, иако не ни е до шега, времето се пошегува со нас, и на првиот ден од април не изненади со обилни врнежи со снег кои, кои според прогнозата, ќе запрат во утринските часови.

На плоштадот во Скопје, наместо парада со маскирани деца, на кои се навикнавме, само случајни минувачи со маски на лицето и со чадори не потсетија дека снегот и коронавирусот ја однесоа шегата во главниот град но и во цела Македонија.

Фото: Борис Грданоски

Вообичаена слика за 1 април