(Галерија) Скопје за време на полицискиот час – само кучиња по улиците


Фото: Б. Грданоски

Вечерва е првиот ден од воведениот полициски час во земјава за да се запре ширењето на корона вирусот. Нашиот фоторепортер Борис Грданоски со дозвола на полицијата помина низ центарот на Скопје за да сними како изгледа пустата метропола. На улиците немаше никој, по некое возило, веројатно дел од службите кои со одобрение на Владата може да се движат навечер од 21 часот до наутро во шест часот. Кучиња слободно се шетаа низ улиците.