(Галерија) Пред 20 години Путин ги пречека светските лидери на Г8. Сега е осамен со својата војна
Во јули 2006 во Санкт Петербург Путин им беше домаќин на светските лидери од Г8. Уживаше во улогата, а и лидерите беа весели. Сега нема ништо од тоа
Речиси е незамисливо како Русија во петтата година од војната со Украина е изолирана од светот. Се разбира, има државници што доаѓаат во Москва, Владимир Путин оди во Кина по поддршка, се среќава со лидерите на поранешните советски републики, но тоа е неверојатно тесен круг. Путин го нема на светската сцена, она му каде што знаеше да се чувствува многу удобно.

Точно пред 20 години, од 15 до 17 јули 2006, во Санкт Петербург дојдоа лидери од целиот свет а за да разговараат за големи меѓународни прашања со Владимир Путин. Во 2006 година, кога Русија сè уште беше членка на Г8, американскиот претседател Џорџ В. Буш, францускиот претседател Жак Ширак, германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Романо Проди, британскиот премиер Тони Блер, канадскиот премиер Стивен Харпер, јапонскиот премиер Џуничиро Коизуми, финскиот премиер Мати Ванханен и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо пристигнаа во Санкт Петербург на тридневен самит. Лидерите на Казахстан, Бразил, Мексико, Јужна Африка, Индија, Кина и Република Конго, исто така, го следеа состанокот. Настанот се фокусираше на различни прашања, вклучувајќи ја трговијата меѓу Русија и САД, енергетската безбедност и израелско-либанската војна.
Светот тогаш беше поинаков, а и Владимир Путин. На годишнината од почетокот на единствениот самит на Г8 одржан во Русија, еве потсетување како изгледаше тој.



