(Галерија) Кои високи гости се на Преспа форумот за дијалог во Охрид


Со присуство на околу 300 учесници, високи домашни претставници, но и високи претставници на Европа и САД, меѓу кои премиери, претседатели, министри, генерални секретари на меѓународни организации, европратеници, претставници на граѓанскиот сектор, како и акредитирани над 100 домашни и странски новинари, вчера и денес Охрид и Отешево се одржува првата конференција Преспа форум дијалог, чија тема е „Западен Балкан: делот што недостига за Европа да биде целосна”.

Преку повеќе панели, дебати, формални и неформални средби, учесниците на форумот во фокусот ги имаат евроатланските интеграции, како и забрзување на процесот на пристапување на Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан во Европската унија.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи при најавувањето на Конференцијата истакна дека ова е далеку најголем настан што е организиран кај нас, кој претставува предизвик од секаков аспект, од организационо-технички, протоколарен, па сè до политички. Нашиот фоторепортер Борис Грданоски ги регистрираше сите важни моменти на Конференцијата во Охрид. Еве дел од атмосферата и од учесниците на првиот Преспа форум дијалог.

Фатмир Бесими и Живко Мукаетов

Ерван Фуере
Јоханес Хан
Крешник Бектеши, Ајдован Адемовски и Талат Џафери

Фото: Б. Грданоски

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски