(Видео и фото галерија) Повторно жестоки протести во Белград

Протестите во Белград продолжија и вечерва. Прво со собир на опозицијата пред Филозофскиот факултет, а потоа и пред Собранието и пред други делови во центарот на градот. Има многу големи сили на полицијата и жандармеријата, како полицајци на коњи. Жандармеријата вечерва има клучна улога во растерувањето на демонстраните низ околните улици.

Собирот започна мирно, но набрзо започнаа инцидентите. Во еден од нив, е повреден и актерот Сергеј Трифуновиќ, кој е претседател на Движењето на слободните граѓани (ПСГ). Тој беше навредуван и со тупаници избркан од демонстрантите. Него, како што изјави за медиумтие, го нападнале непознати лица за кои кои се надева дека ќе бидат идентификувани бидејќи многу фотографи го снимале инцидентот. Слично мина и претходната вечер и лидерот на Народната партија, Вук Јеремиќ, кој беше избркан од протестот. Репортерите на белградските медиуми јавуваат дека е повреден и Бошко Обрадовиќ, лидер на движењето Двери и еден од челниците на опозицскиот Сојуз за Србија.Повредена е тричлената репортерска екипа на Радио-телевизија Србија (РТС) кои се повлечени од платото пред парламентот.

Припадниците на полицијата ја контролираат состојбата на неколку пунктови во центарот на Белград, во поширокото подрачје околу српскиот парламент, откако со „жив штит“ ги  потиснаа демонстрантите, поставувајќи кордони и  оклопни возила на крстосниците во централните делови на градот .Групите демонстранти кои стојат наспроти полициските кордони се составени од многу млади луѓе.Претходно, демонстрантите пред Собранието фрлаа факели и шишиња кон полицијата, која потоа ги растури од областа. Во турканиците интервенираше и Брзата помош, бидејќи во стампедата има и неколку повредени.

Протести има и во Нови Сад, Каргуевац, Ниш и други големи градови во Србија. Во Белград има многу повредени. Очигледно дека Белград го чека уште една тешка и напната вечер.

Протестите почнаа вчера откако претседателот Александар Вучиќ најави дека поради експлозивното ширење на корона вирусот ќе има полициски час од петок навечер до понеделник наутро.

Погледнете преку галеријата фотографии што се случува во Белград.