(Галерија) Денови на гневот во Америка


Демонстрантите во судир со тајната служба и и други полицајци пред Белата куќа (Фото: Ерик Барадат/АФП)

Гневни протести по смртта на Џорџ Флојд и други полициски убиства на црнците во саботата навечер се ширеа низ САД, додека градоначалниците ширум земјата воведоа полициски час, а неколку гувернери ја повикаа Националната гарда додека сцени на насилство, повреди и немири ги поплавија американските држави.

Гувернерите на шест држави, вклучително и Минесота, каде што Флојд почина во понеделникот, ги повика војниците на Националната гарда. Многу градови, вклучително Атланта, Лос Анџелес, Луивил, Колумбија, Денвер, Портланд, Милвоки и Колумбус, воведоа полициски час во очекување на немирна ноќ оваа недела.

 

МИНЕАПОЛИС, Минесота – Демонстрант стои крај муралот за сеќавање откако илјадници луѓе побараа правда за Џорџ Флојд (Фото: Карем Јучел/АФП)
ХЈУСТОН, Тексас – Внуката на Џорџ Флојд, Габриеле Томпсон, плаче додека се прегрнува со друга жена за време на протестите во саботата (Фото: Марк Феликс/АФП)
ОСТИН, Тексас – Луѓето му помагаат на демонстрант откако тој е погоден со гумен куршум (Фото: Рикардо Брациели/АП)
АТЛАНТА, Џорџија – Полиција приведува демонстранти во Атланта. Протестите почнаа мирно, но во текот на денот се претворија во судири со полицијата (Фото: Мајк Стјуарт/АП)
РЕЛИ, Северна Каролина – Демонстрант е прскан со бибер-спреј и под солзавец за време на протестот во саботата (Фото: Џонатан Дрејк/Ројтерс)
АТЛАНТА, Џорџија – Луѓе протестираат во Атланта (Фото: Елајџа Нувелаж/Гети имиџис)
ВАШИНГТОН ДЦ – Воена полиција се соочува со демонстранти околу Белата куќа (Фото: Ендрју Кабалјеро-Рејнолдс/АФП)
МАЈАМИ, Флорида – Запалени автомобили за време на ескалацијата на протестите (Фото: Мишел Сандберг/Рекс)
ВАШИНГТОН ДЦ – Собир на демонстрантите блиску Белата куќа (Фото: Ерик Таер/Ројтерс)
ВАШИНГТОН ДЦ – Гранати кои испуштаат искри фрлени од демонстрантите меѓу полицајците (Фото: Ендрју Балјеро-Рејнолдс/АФП)