(Галерија) Америка среде пандемијата на корона вирусот


Мајкл Нил, директор на погреби на фирмата „Погреби и кремации на сите ветерани“, облечен во целосна ППЕ опрема, го гледа американското знаме на ковчегот на Џорџ Трефрен, 90-годишен ветеран од Корејската војна, кој почина од Ковид-19 во дом за стари лица во Денвер, Колорадо, 23 април (Фото: Ројтерс/Рик Вилкинг)

Америка е заглавена меѓу стравот од корона вирусот и желбата да се излезе надвор и да се отвори економијата. Претседателот Доналд Трамп и гувернерите на државите даваат помешани сигнали кога може да почне отворањето на земјата. До неделата попладне на 26 април по средноевропско време, во САД имаше 940.000 инфицирани луѓе од Ковид-19 и 54.000 починати. Нацијата и особено болниците се борат со заразата. Еве еден пресек на она што се случува во Америка преку фотографите на агенцијата Ројтерс.

 

Човек се моли на паркингот под иконите во прозорецот на затворената капела на католичката црква „Св. Чарлс“ во Провиденс, Род Ајленд, 23 април (Фото: Ројтерс/Брајан Снајдер)

 

Хашим, работник во здравствената индустрија, ги поздравува ќерката и внукот низ затворената врата, додека одржува социјална дистанца со семејството во Њу Рошел, Њујорк, 20 април (Фото: Ројтерс/Џој Малоне)

 

Пола Џонсон, медицинска сестра, поставува цевка во белите дробови на коронавирусна позитивна пациентка, во одделот за интензивна нега на болницата во Саут сајд, Чикаго, Илиноис, 22 април (Фото: Ројтерс/Шенон Стејплтон)

 

Здравствени работници стојат на улица во контра-протест пред стотици луѓе кои се собраа пред Државниот капитол за да бараат укинување на наредбата за останување дома, Денвер, Колорадо, 19 април (Фото: Ројтерс/Алисон Мекларанрил)

 

Кетлин Бенет, 1.500-та пациентка опоравена од корона вирусот во Медицинскиот центар „Окснер“, е отпуштена од болницата со громогласен аплауз на, во Њу Орлеанс, Луизијана, 20 април 2020 година (виа Ројтерс)

 

Алиша Нарваез (36), управител и Никол Воринг (33), погребна директорка на „Меѓународните серциси за погреби и кремации“ во Харлем, носат починато лице во подрумот, каде се чуваат тела и се подготвуваат за погребални услуги, во Менхетен, Њујорк Сити, 2 април (Фото: Ројтерс/Шенон Стејплтон)

 

Медицински работник зема примерок што треба да се тестира во болницата ЦХА во Сомервил, Масачусетс, 21 април (Фото: Ројтерс/Брајан Снајдер)

 

Мал одмор на здравствен работник во медицинскииот центар „Тулан“ во Њу Орлеанс, Луизијана, 14 април (Фото: Ројтерс/Карлос Барија)

 

Медицинска сестра ги брише солзите додека стои пред медицинскиот центар „Лангоне“ во Менхетен, Њујорк, додека полицијата и и други единици дојдоа да ги поздрават и да им се заблагодарат на здравствените работници во 19 часот во Newујорк, на 16 април (Фото: Ројтерс/Мајк Сигер)

 

Лили Хајнс (лево) го прославува шеснаесеттиот роденден на балконот на нејзиниот стан, гледајќи ги пријателите како се возат со знаци и балони, додека нејзината мајка Сузан Хајнс фотографира, во Лос Анџелес, Калифорнија, на 8 април. (Фото: Ројтерс/Луси Николсон)

 

Луѓе чекаат во ред пред народната кујна во Челси, Масачусетс, 17 април 2020 година. (Фото. Ројтерес/Брајан Снајдер)