Галатасарај ќе покрене кривична постапка против Мурињо


Истанбул – Галатасарај го критикуваше тренерот на Фенербахче Жозе Мурињо по натпреварот од 25. коло во турскиот шампионат (0:0).

По натпреварот, Мурињо изјави дека во еден инцидент претставниците на противникот „скокале на клупата како мајмуни“.

– Од самиот почеток на својата работа во Турција, Мурињо постојано дава погрдни изјави за турскиот народ. Неговите изјави од неморални коментари преминаа во нехумана реторика. Изјавуваме дека имаме намера да покренеме кривична постапка во врска со расистичките изјави на Мурињо, како и да испратиме официјални жалби до УЕФА и ФИФА, се вели во соопштението на Галатасарај.

На тимот на Жозе Мурињо му дојде крајот на серијата од седум последователни победи. Фенербахче има 58 бодови и е втор на табелата во турската Суперлига.

Галатасарај води со 64 бода. Избраниците на Окан Бурук сезонава немаат ниту еден пораз во турскиот шампионат – 20 победи и 4 нерешени.