Гала вечер со Синтија Ериво и Филхармонијата од Лос Анџелес: Собрани три милиони долари

САД– Густаво Дудамел и Филхармонијата од Лос Анџелес се вратија во концертната сала Волт Дизни за прв пат во 579 дена.
И тоа го направија со стил, со „Гала- концерт за враќање дома“ со настапи на Синтија Ериво, корејскиот пијанист Феном Сеонг-Џин Чо и светска премиера на ново парче од мексиканската композиторка Габриела Ортиз.
На сцената, Дудамел, уметнички директор на Филхармонијата, од април и музички директор на Националната опера во Париз, не можеше да ја задржи возбудата околу враќањето како диригент во зградата дизајнирана од Френк Гери, повикувајќи го архитектот во публиката. „Музиката е лекот што не поврзува сите нас“, рече тој.
За време на програмата, Ериво доби повеќе овации за нејзините изведби na „Somewhere” од “West Side Story,” и“Don’t Rain on My Parade” испеани од Барбра Стрејсенд, со необичен изглед од бел топ и розово долго здолниште. Англиската пејачка, која има освоено Греми, Еми и Тони, и е номинирана за Оскар, е моден камелеон. Од флуоресцентни неонски нијанси до комплетно украсени балски фустани- никогаш не се плаши да ги надмине границите .
Вечерта собра скоро 3 милиони долари за програмите за учење музика на Филхармонијата кои опслужуваат повеќе од 150.000 луѓе. Блокбастер ноќта докажа дека по една од најтешките години во 102-годишната историја на оркестарот, музиката повторно се враќа во центарот на Лос Анџелес.