Гала француска филмска вечер со „Нешто малку поинакво“ во Синеплекс


По повод својата 50-годишнина, Францускиот институт во Скопје и Трговскиот центар Скопје организираат трета по ред гала француска филмска вечер под слоганот „Најдоброто од Франција”!, во Синеплекс, на 30 октомври, во 20 часот.  Присуството е со покана. 

Проекција на најуспешниот филм во последните 10 години, за кој во Франција до сега се продадени 10 милиони влезници.

„Нешто малку поинакво“ на Артус, со Артус , Кловис Корнијак и Алис Белаиди.

  • За филмот, медиумите напишаа:

„Уште со првиот негов филм, Артус успева да ја насмее публиката, вешто избегнувајќи ги клишеата, и исмевајќи се со нашите двојни стандарди без да притоа ни одржи лекција“ (Ел)

 

„Уште една мала работа“ воспоставува врска помеѓу „лажниот инвалид“ и хендикепираните. Самиот филм е гротескен, смешен и истовремено многу трогателен (Паризјен)

 

„Ликовите се симпатични. Вистинска лекција за хуманост и скромност“ (Л журнал ду диманш)