Гала филмска вечер со проекција на француско-шпанскиот филм „Ѕверови“


Францускиот институт во Скопје, амбасадата на Франција и амбасадата на Шпанија во Северна Македонија, со поддршка на генералниот покровител „Зегин“ и на винаријата „Тиквеш“, организираат трета по ред за годинава гала филмска вечер со проекција на филмот „Ѕверови“. Филмот ќе биде премиерно прикажан в петок, 3 ноември  во 20 часот, во кино „Милениум“.

Настанот ќе го отворат Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција и Хозе Луис Лозано Гарсија, амбасадор на Шпанија во  Македонија.

Филмот е дело на режисерот Родриго Сорогојен, а во главните улоги играат Изабел Пења и Родриго Сорогојен. Добитник е на наградата Цезар 2023 за најдобар странски филм.Еве и што напишаа француските медиуми за филмот:

„Ѕверови“ е исклучително трогателен филм, којшто гледачите ги остава без здив. Моќно филмско остварување за стравот и омразата кон другиот, низ кое се истакнува талентот на Родриго Сорогојен. (Les Echos)

Ако треба да се одлучиме за највпечатливиот меѓу долгометражните филмови прикажани годинава на Канскиот фестивал, несомнено е овој филм… (L’OBS)