Гала црвен ќилим: 26. музички награди МТВ ЕМА во Севилја


Шпанија- Во Севилја по 26-ти пат се доделија музичките награди МТВ ЕМА без триумф на ниту една поп-ѕвезда, а косовската поп-ѕвезда со лондонска адреса Дуа Липа го отвори настанот со незаборавен сценски настап.

Облечена во боди со полутанга и црни хулахопки, 24-годишната пејачка ги привлече погледите на сите кон сцената. Пред настапот таа се појави на црвениот тепих во црн долг фустан, а потоа повторно се преоблече во трет аутфит – виолетов широк фустан и сатенски чизми. Таа настапи со песна од новиот, четврти албум по ред.

Очекувано, публиката „полуде“ кога на сцената се појави Росалија, новата ѕвезда број еден со потекло од Шпанија која ја изведе „Di Mi Nombre“ во друштво на 52 фламенко-танчари кои направи неверојатна атмосфера.

Шпанската сензација дома си замина со наградата за најдобра соработка со раперот Џеј Балвин за песната „Con Altura“, додека главните награди отидоа во рацете на некои од најпознатите американски изведувачи.

Голем дел од нив не беа присутни, па на обожавателите им се обратија преку снимена видеопорака. Тејлор Свифт ја доби наградата за најдобро видео за песната „MЕ!“ и наградата за најдобар американски изведувач, Ники Минаж е најдобар хипхоп-артист за изминатата година, Мартин Гарикс е најдобар електронски изведувач, а Били Ајлиш ја има најдобрата песна „Bad Guy“ и воедно е најдобар млад изведувач.

Една од најважните награди, онаа за најдобар поп-изведувач, отиде во рацете на младата и популарна пејачка Халси, која беше во тесна трка со Аријана Гранде.

Подеднакво добри настапи имаа и младата пејачка Ава Макс и Мејбл, кои беа уште две дами кои доминираа на годинешните МТВ ЕМА.