Габриел Бајрам со полициска придружба бил на распит за кражба на струја во ГТЦ


По насоки и во координација со Основното јавно обвинителство скопје преземени се повеќе мерки и активности за расчистување на случајот со кражбата на струја во Градски трговски центар и копањето биткоини, информираат од МВР додавајќи дека за овој случај со потерница бил баран синот на починатиот пратеник Амди Бајрам, Габриел Бајрам.

По неколку неодговарања на покани и непојавување на службен разговор во полициска станица, а по распишан централен распис, полициски службеници од одделението за криминалистички работи центар и Бит пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода Г. Б.(40) од Скопје и со него бил извршен разговор во полициска станица.

Исто така, во претходниот период, остварени се контакти и извршени се службени раговори и со надлежните во ЕВН и Градскиот трговски центар скопје, а се вршат службени разговори и со други лица.

По комплетирање на целокупниот материјал од мвр известуваат дека ќе биде доставено известување до Основното јавно обвинителство скопје за преземените мерки. Ѓоко Трајчевски, директорот на Градскиот трговски центар во неодамна во изјава за медиумите кажа дека дека имало кражба на струја во трговскиот од страна на фирмата на браќата Елвис и Габриел Бајрам.