Габи Новак: Лежев покрај заболени од коронавирус, одвај се извлеков


Како сум? Што да ви кажам. Се снаоѓам во полууништен стан (по земјотресот) . Имав запаление на бели дробови, лежев покрај соби каде беа сместени пациенти  заболени од коронавирус,. Едвај се извлеков, изјави хрватската пејачка и уметница  Габи Новак (83) за сараевски „Аваз“.

Во првото интервју откако излезе од болница, големата дама и една од најголемите музички диви на овие простори многу искрено и отворено за медиумот зборува за се што и се случува и како ги преживува овие тешки времиња.

-Едноставно сум во едно силно и ретко тажно време. Не само јас, туку и цел Загреб. Сите сме во изолација. Мислам дека пандемијата нема наскоро да се смири, изјави Габи.

Оптимизмот, сепак не го губи, па се надева дека ќе продишеме барем во август.

Габи Новак полни 42 години живееше во складен брак со Арсен Дедиќ.

-Беше слоевит, духовит и талентиран. Го проживуваше секој стих кој ќе го напишеше. Секогаш кога ќе помислам на него, ме фаќа една сета, рече Новак во една прилика за „Јутарњи лист“.

Легендарниот музичар почина на  78 години во 2015 година.