Г.г. Стефан со бугарски владин авион ќе го донесе благодатниот оган од Ерусалим во Македонија


Ви благодарам многу, во име на сите православни и верници во Македонија. Ви благодариме за љубовта на бугарската влада, премиерот и државата со која се однесуваат кон нас. Ова го изјави поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот г.г. Стефан, за БГНЕС по повод одлуката на бугарскиот премиер Бојко Борисов македонскиот владика да лета со бугарскиот владин авион за да го донесе велигденскиот благодатен оган од Ерусалим во Македонија.

„Ова е манифестација на голема љубов“, неколкупати повторил г.г. Стефан за БГНЕС.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов претходно денеска се состана со старозагорскиот митрополит Кипријан во својство на шеф на Комисијата за решавање на статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ).

Комисијата беше формирана на крајот на 2017 година по барање на МПЦ, Бугарската православна црква да ѝ помогне за решавање на нејзиниот статус.

За време на средбата меѓу Борисов и Кипријан бил прецизиран начинот на кој ќе биде донесен велигденскиот благодатен оган во Македонија.