Функционерот инсталиран од Русија во Херсон загина во сообраќајна несреќа
Кирил Стремусов, заменик-шефот на јужниот украински регион Херсон, кој беше поставен од Русија, загина во сообраќајна несреќа, објавија руските државни новински агенции.
Стремусов беше едно од најистакнатите јавни лица на руската окупација на Украина, користејќи ги социјалните мрежи за да кажува агресивни изјави, од кои последната се појави во средата наутро. Тој секојдневно пишуваше за евакуацијата на жителите на Херсон и за одбраната на градот од страна на рсуките сили.
Новинската агенција ТАСС соопшти дека прес-службата на шефот на регионот ја потврдила неговата смрт. Точните околности се нејасни, објави Ројтерс.
Стремусов објавуваше редовни видео ажурирања на социјалните мрежи – вклучително и додека беше во возила што се движат со брзина – за ситуацијата на фронтот.
Во последно време тој ги повикуваше цивилите да се евакуираат од западниот брег на реката Днепар соочени со зголемената украинска контраофанзива за враќање на територијата заземена од руските сили во првите денови од војната.
Засега не се познати околностите на несреќата во која загинал.