Функционерите на ЕУ ќе си ги зголемат платите во криза


 
Функционерите на Европската унија, вклучително и претседателот на Европската комисија, комесари и европратеници, сега можат да се радуваат на значително повисоки плати. Сепак, главниот момент во приказната е дека зголемувањето на платите всушност е спротивно на советите на Европската комисија, или како што опишаа критичарите, тоа е уште еден пример во стило  „правете го она што го велам, а не што го правам јас“. ЕK ги советуваше владите и менаџерите да избегнуваат зголемување на платите во услови на инфлација.
 
Советот на Комисијата за одредување на платите е дека нациите и компаниите треба да избегнуваат индексирање на платите според инфлацијата, бидејќи таа практика создава услови за спирала на платите и цените и создава услови за понатамошна инфлација. Како одговор, речиси сите земји на ЕУ повеќе не учествуваат во таа практика, со исклучок на Белгија и Луксембург. Богат политичар од ЕУ, кој бара жртви од Европејците поради војната во Украина, го реновирал својот луксузен дом со 327.000 евра од парите на даночните обврзници. ЕУ сега тврди дека сопствените зголемувања на платите се оправдани поради зголемената инфлација во Белгија и Брисел.
 
Стапката на инфлација автоматски се вклучува во платите на службениците во ЕУ. За Брисел таа моментално изнесува нешто повеќе од 7 проценти. Според плановите на Европската комисија, претставниците на ЕУ ќе добијат речиси 7 отсто поголеми плати. Зголемувањето на платата ќе важи ретроактивно од 1 јули, пишува германскиот весник „Билд“.
 
Конкретно, ова значи дека шефицата на Комисијата Урсула фон дер Лајен (ЦДУ) во иднина ќе добива околу 2.000 евра повеќе месечно, додека европратениците ќе добиваат  623 евра повеќе, а еврокомесар може да смета на зголемување на платата од 1.460 евра.  Само зголемувањето ќе придонесе за дополнителни 98 милиони евра трошоци за 2022 година.
 
Како што претходно објави Ремикс њуз, многу богати функционери и политичари на ЕУ се залагаа за повеќе санкции кон Русија, велејќи дека Европејците можат да направат „жртви“ за да ја поддржат Украина, како што е левичарскиот европратеник Ги Верхофштад, наводно еден од најбогатите европратеници во целата ЕУ. Покрај високите плати, претставниците на ЕУ имаат и бројни други привилегии. На пример, тие добиваат додаток за иселување, висок детски додаток, додаток за мебел и додаток за домаќинството. (Ремикс њуз)