Фудбалската легенда Ото Бариќ почина од Ковид-19


Поранешниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација Ото Бариќ, почина денеска на возраст од 87 години како последица на корона вирус.

Тој седум дена бил во болницата „Дубрава“ во Загреб и состојбата му се подобрувала. Но, во последните денови таа се искомплицирала.

„Хер Ото“ е роден во Австрија, а во оваа земја ги оствари најголемите успеси како фудбалер, со Рапид Виена освои три шампионски титули и играше финале во КПК во 1985 година. Со Салцбург стигна до финале на Купот на УЕФА 1994 година, а со оваа екипа освои две шампионски титули.

Инаку два пати беше тренер на Динамо Загреб, а работеше и како тренер на Цибалија. Од 2002 до 2004 година беше селектор на Хрватска и ја предводеше селекцијата на ЕУРО 2004.

На крајот на тренерската кариера ја предводеше селекцијата на Албанија од 2006 до 2007 година.