Фудбалерите во Германија ги избраа најдобрите за сезоната


Здружението на професионални фудбалери во Германија ги утврди најдобрите за минатата сезона во Бундеслигата.

Неспорен бр.1 меѓу играчите е Роберт Левандовски од шампионот Баерн (Минхен), за кого гласаа 40,2 отсто. Втор со 13,9 отсто е Џејден Санчо од Борусија (Дортмунд), а трет е уште еден претставник на шампионот – Џошуа Кимих со 7,2 отсто.

Уште по дефинитивен е триумфот на Ханси Флик за најдобар меѓу тренерите. Тренерот на Баварците собра 58,2 отсто од гласовите, пред Кристијан Штрајх (Фрајбург, 11,3 отсто) и Марко Росе (Борусија М, 6,2 отсто).

Претставник на Баерн е исто така победник во анкетата за најдобар дебитант во првенството – Алфонсо Дејвис (Баерн, 45,9 отсто). Втор е Ерлинг Холанд (Борусија Дортмунд) со 15,5 отсто а трет е Флоријан Вирц (Леверкузен) со 8,2 отсто.

Беше утврден и идеален тим:

Мануел Нојер (Баерн)
……………………………………….
Ашраф Хакими (Дортмунд)
Матс Хумелс (Дортмунд)
Давид Алаба (Баерн)
Алфонсо Дејвис (Баерн)
……………………………………….
Џошуа Кимих (Баерн)
Џејден Санчо (Дормунд)
Каи Хавертц (Леверкузен)
……………………………………….
Тимо Вернер (Лајпциг)
Роберт Левандовски (Баерн)
Ерлинг Холанд (Дортмунд)