Фрлен молотов коктел на Институтот „Роберт Кох“ во Берлин


Неколку напаѓачи фрлија молотов коктел кон германскиот институт за заразни болести „Роберт Кох“ во Берлин, предизвикувајќи мала штета на зградата, соопшти денеска полицијата.

Инцидентот се случил во текот на ноќта, а стражарите во Институтот, кој ја советува Владата за мерките за јавно здравје за борба против пандемијата на коронавирусот, биле сведоци на нападот.

„Напаѓачите кои не се фатени, скршиле прозорес на зградата. Никој не е повреден“, се наведува во соопштението.

Берлинската полиција истражува дали нападот бил политички мотивиран.