Фрлачот на молотов коктел го издал налогодавачот


Министерството за внатрешни работи го идетификуваше лицето кое наредило фрлање молотов коктел, потврди министерот Оливер Спасовски во гостување во летното издание на емисијата „Click Plus“ на ТВ21. Спасовски вели дека лицето ќе одговара без разлика на која политичка партија и да припаѓа.

„Да, истото тоа лице го откри налогодавачот, го идентификувавме и веќе МВР постапува по него. Тоа е вчера идентифицирано, така да денеска ќе се преземаат сите низа мерки“, рече Спасовски.

За обвинувањата на опозицијата дека лицето е активист на СДСМ, Спасовски вели:

„Што е важно чиј активист е било кој што ќе направи кривично дело? Зарем за таква правда сакате да се бориме и зарем тој некој, ако е поблизок до едната или другата политичка партија ќе треба да има некакви привилегии заради тоа што направил кривично дело? Не, апсолутно. За мене и за МВР ама воопшто не е важно кој на која политичка партија припаѓа. На која сака нека припаѓа, на мене ми е важно тој кој удри на полициските службеници, тој кој  го ремети јавниот ред и мир, тој кој предизвикува кривични дела, да биде изведен пред лицето на јавноста“, рече министерот Оливер Спасовски во интервју на ТВ21.