Фрлаа молотови коктели и пиротехника на полициска станица во Париз


Девет лица беа уапсени откако полициска станица во париското предградие Ла Курнев беше нападната во неделата доцна навечер по судирите меѓу младите и полициските сили, изјави началникот на париската полиција.

Десетици млади луѓе нападнаа полициска станица во предградие на Париз со пиротехнички средства и молотови коктели, откако 18-годишник беше убиен за време на полициска потера минатата недела, според локалните извештаи.

Потсетува на смртта на малолетник од ова лето
Полицијата соопшти дека скутерот се обидел да го претекне автомобилот пред нив и директно се судрил со полициско возило кое доаѓало накај нив, а кое било повикано како засилување. Полицајците рекоа дека морале да скршнат за да го избегнат таксито и се судриле со скутерот.

Овој случај потсетува на смртта на 17-годишник при полициска сообраќајна контрола во близина на Париз минатиот јуни. Тогаш имаше протести против полициското насилство и сериозни немири кои со ноќи ја потресуваа Франција и предизвикаа штета од милиони долари.

„Полициското засилување брзо ги врати редот и безбедноста“
„Имаше девет апсења, што не е безначајно“, изјави Лоран Нуњез за телевизијата TF1 во понеделникот.

„Полициското засилување брзо ги врати редот и безбедноста“, додаде тој. Безбедносните прашања се од најголема важност за француските власти заради Олимпијадата во Париз која започнува на 26 јули.

Некои локации на Олимпијадата во Париз беа вандализирани за време на немирите во летото 2023 година,  предизвикани поради убиство на тинејџер од северноафриканско потекло. Младиот човек бил застрелан од полицијата.