Фризерот Октај Сејди е Мистер на Македонија за 2026
Фризерот Октај Сејди кој ги стилизира нашите славни дами, годинава ќе ја претставува Македонија на престижниот избор „Mister International 2026“, кој на 26 септември ќе се одржи во Тајланд.
Информацијата беше објавена на официјалниот Инстаграм профил на Miss Macedonia org, од каде со гордост го најавија македонскиот претставник.
„Со гордост го претставуваме Октај Сејди, кој оваа година ќе ја претставува Македонија на MISTER INTERNATIONAL 2026. На 26 септември, во Тајланд, Октај ќе застане рамо до рамо со претставници од целиот свет, носејќи ги македонските бои на една од најпрестижните меѓународни сцени за машка убавина“, стои во објавата.