Французите и Белгијците со највисока даночна стапка во ЕУ
Белгија– Фискалниот притисок, односно плаќањето даноци и социјални придонеси, е најголем во Франција, Белгија и Данска, според последните податоци на Евростат.
Франција е на прво место, Белгија на второ, во двете земји даночните обврзници треба да платат речиси 50 отсто од своите приходи во данок или придонеси, пренесува европскиот статистички завод.
Глобалното рацио фискални приходи/БДП е 47,2 отсто за Белгија во 2018, а 48,4 отсто за Франција.
Данска бележи намалување на ова рацио во однос на претходната година, тој изнесува 45,9 отсто во 2018.
Европскиот просек е 40,3 отсто.
Најмал фискален притисок имаат даночни обврзници во Ирска (23 отсто), Романија (27,1 отсто) и Бугарија (29,9 отсто).