Французин уби келнер поради бавната услуга
Гостин во еден француски ресторан уби со огнено оружје келнер бидејќи предолго чекал да му биде направен нарачаниот сендвич, објавија француските медиуми.
Инцидентот се случил синоќа во едно предградие на Париз. Очевидци тврдат дека незадоволниот гостин во ресторанот го застрелал 28-годишниот келнер во грбот.
Куршумот предизвикал сериозна повреда и екипата на итна медицинска помош, која пристигнала на местото на инцидентот, само констатирала смрт.
Напаѓачот избегал, а полицијата трага по него.