Французин крадел од скопски станови


 Французин е уапсен од полициски службеници вчера под сомнение дека обил неколку стана во Скопје. Според податоците од МВР, Французинот извршил кражба во три стана во Центар. Тој сега се наоѓа во притвор.

„Полициски службеници од ПС Центар при СВР Скопје вчера (26.03.2023) го лишија од слобода А.Ж.М. (31) од Франција поради основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба во три стана на подрачје на општина Центар. Лицето со кривична пријава  е предадено на јавен обвинител, а судија од Основен суд Скопје му одредил мерка притвор во траење од осум дена“, соопштија од МВР.