Французин волонтер го носел знамето на Македонија на Параолимпијадата бидејќи немало кој друг


 

Во средата церемонијата на отворањето на Параолимписките игри во Париз беше одбележана со прилично несекојдневна епизода. Кога беше преставувана делегацијата на Северна Македонија, знаменосецот не беше спортист, туку француски волонтер, иако на овие игри земјата има еден учесник, пишуваат француските медиуми.

Првично номинирана да го носи транспарентот на нејзината земја, Оливера Наковска-Бикова не можеше да учествува на церемонијата. И со добра причина, нејзиното место го пополнил 49-годишен стрелец кој живее во местото каде што се случуваат настаните со пукање.

Еве што пишува еден од медиумите:

„Волонтер од организацијата Париз 2024 се најде знаменосец на Северна Македонија за време на церемонијата на отворање на Параолимписките игри. Тоа беше сè освен грешка.
 За време на свеченото отворање на Параолимписките игри, гледачите можеа, гледајќи го дефилирањето на делегацијата на северна Македонија, да се изненадат од големата сличност меѓу облеката на знаменосецот и онаа на волонтерите од Париз 2024 година.Недостаток на инспирација? Изгубен багаж на аеродром? Ништо од тоа. Знаменосецот за кој станува збор не беше Македонец, туку Французин: тој навистина беше волонтер, избран да и помогне на малата балканска земја, поради недостиг на спортисти кои ќе ги бранат националните бои“.

Навистина, единствената македонска спортистка учесничка на овие Параолимписки игри, спортската стрелачка Оливера Наковска-Бикова не можеше да учествува на свеченото отворање бидејќи веќе беше во Шатору, каде што ќе се одржуваат стрелачките игри. Македонката претпочиташе да се фокусира на нејзиното натпреварување, закажано за оваа сабота, за кое има големи надежи. Таа беше добитник на златен медал во пукање со воздушен пиштол на 10 метри во игрите во Лондон во 2012 година.

И се чинеше дека волонтерот уживаше во улогата. Со насмевка на усните, среќникот гордо чекореше по Шанзелизе, енергично веејќи го знамето на Северна Македонија – жолто сонце со осум зраци на црвено небо. Зад него уште еден волонтер го придружуваше со знаме во минијатурна верзија. Иако немаше спортисти, боите беа добро застапени“.