Францускиот регулатор го казни Гугл со 250 милиони евра


Француската агенција за конкуренција му изрече казна од 250 милиони евра на американскиот технолошки гигант Гугл поради прекршување на договорот за условите за плаќање на медиумите за користење на нивната содржина.

Станува збор за прекршување на обврските од 2022 година, а регулаторот го обвини Гугл дека неправедно преговара за висината на обесштетувањето.

Како што пренесува француската новинска агенција АФП, Гугл и другите онлајн платформи се обвинети дека заработуваат милијарди од вестите без да го споделат профитот со оние кои ги подготвувале вестите.

Затоа ЕУ создаде форма на авторско право што им овозможува на печатените медиуми да бараат компензација за употребата на нивната содржина. Според АФП, Франција е тест за новите правила, при што Гугл и Фејсбук се согласиле да платат на некои француски медиуми за написите што се појавуваат во онлајн пребарувањата по првичниот отпор.

Во 2022 година, француското регулаторно тело ги прифати обврските на Гугл да преговара правично со новинарските организации, вклучително и транспарентна компензација, во рок од три месеци од добивањето на жалба за прекршување на авторските права. Но, бидејќи, според регулаторот, договорот бил прекршен, Гугл е казнет.