Францускиот премиер, Жан Кастекс, прими прва доза од вакцината „АстраЗенека“


Жан Кастекс

Франција – Премиерот на Франција, Жан Кастекс, денеска ја прими  првата доза на вакцината „ АстраЗенека“ во болницата Бегин, во Сен Манде, близу Париз. Вакцината треба да ги увери Французите во нејзината исправност, по краткоти прекин на имунизацијата со неа против Ковид-19, јави дописникот на МИА.

-Не чувствував ништо, иако сум малку нежен, коментираше 55-годишниот премиер.

Два часа порано, Високиот орган за здравство (ХАС) даде зелено светло за продолжување на вакцинацијата „без одлагање“ со вакцината на „АстраЗенека“, истовремено препорачувајќи таа да биде резервирана за лица на возраст од 55 години и повеќе.