Францускиот предлог во Собранието, седницата се уште незакажана
Францускиот предлог стигна до Собранието откако Владата на денешната седница го разгледа и го испрати до законодавниот дом. Во соопштението од кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, велат дека до нив е стигната „Информација за содржината на предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на ЕУ на 30 јуни 2022“.
Оттаму најавуваат дека согласно процедурите, материјалите добиени од Владата ќе се достават до пратениците. За понатамошната процедура, велат од кабинетот на Џафери, соодветно и навремено ќе информираат.
„Имајќи ги предвид шпекулациите, ве информираме дека за вечерва не е планирана седница. Во моментот кога претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе ја свика седницата навремено ќе бидете информирани“,велат од неговиот кабинет.
Претходно, од Владата наведоа дека го испратиле предлогот до Собранието на разгледување и донесување понатамошни заклучоци.