Францускиот предлог е добра основа за почеток на преговорите со ЕУ, оцени СДСМ


 

Извршниот одбор на СДСМ на денешната попладневна седница заклучи дека францускиот предлог е добра основа за европските интеграции и почетокот на преговорите со ЕУ и дека процесот на консултациите да продолжи во Собранието.

Во заклучоците се вели дека сега е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите наши граѓани. Потоа дека во него се прифаќа македонскиот јазик во ЕУ, што значи затворање на сите идентитетски прашања.  Според СДСМ, предлогот ги става билатералните, историски прашања надвор од преговарачката рамка и тој е во целосна целосна согласност со Резолуцијата во Собранието за државните позиции.

СДСМ уште еднаш ја реафримираше својата позиција за преземање на сите активности, за заштита на националниот, јазичен и историски идентитет на македонскиот народ и неговата посебност како наша врвна вредност и заложба. „Имаме единствена можност да ја исполниме и нашата долгоочекувана стратешка цел, полноправно членство во ЕУ“, велат од СДСМ и нагласуваат дека е „време за мудри одлуки“.