Францускиот министер за здравство позитивен на Ковид-19


Франција– Францускиот министер за здравство, Оливие Веран, изјави дека е позитивен на коронавирусот.

Тој ги потврди претходните пишувања на медиумите на „Твитер“ и напиша дека е во самоизолација.

„Ќе продолжам да ги извршувам обврските од далечина“, додаде Веран.

Повикувајќи се на извори блиски до Веран, АФП претходно објави дека францускиот министер е позитивен на Ковид-19, објави „Ројтерс“.