Францускиот министер за финансии предупредува дека еврото е под голема закана


Франција – Францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер, изјави дека еврото „е под закана како никогаш порано”, поради ризикот од економска криза поврзана со трговските војни и европските политичари кои сакаат да се стави крај на единствената валута.

– Има и такви кои, како мене, веруваат дека еврото сега е под закана каква што немало досега, изјави Ле Мер. Тој додаде дека постои ризик за „враќање на финансиската криза”.

Според него, заканата постои не само поради трговската војна меѓу Кина и САД, туку и поради појавата на десничарски лидери во Европа кои би биле среќни да го видат крајот на Унијата.

– Нашата единствена валута сега е под политичка закана, бидејќи многу европски лидери не ја кријат желбата да видат како еврото исчезнува, изјави министерот за финансии Бруно Ле Мер за новинарите во Париз.