Француски предлог има, денеска ќе го добие бугарската влада


Француската амбасадорка во Софија, Флоренс Робин

 

Амбасадорката на Франција во Бугарија, Флоренс Робин, денеска се сретнала со пратеници од Групата за пријателство со Франција во бугарскиот парламент, дознава Бугарското национално радио од учесниците на средбата. Таа се сретнала со пратениците во собранието, но состанокот не беше официјално објавен..

Според БНР, на средбата учествувале и претставници на опозицијата.

Се очекува во текот на денот францускиот предлог за решение за ветото на Бугарија за преговорите на Македонија со ЕУ да биде испратен до бугарската влада.

Според неофицијалните информации, тој предлог ќе биде испратен до сите земји-членки на ЕУ. Неофицијално, со него се предвидува укинување на ветото, а ЕУ да стане гарант дека Скопје ќе ги исполни условите на Бугарија.

Во средата, бугарската влада одлучи да ги испрати сите предлози за околу македонија да одат во собранието на одобрување.

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска изјави дека ако има француски предлог тоа е интерна работа на ЕУ во рамки на на подготовката на заклучоците на Европскиот совет што Париз како претседавач со ЕУ треба да ги достави до сите земји членки.