Француски експерти ќе им ги пренесат на македонските своите знаења во патната инфраструктура


 Ден посветен на високотехнолошките придобивки и француската умешност во областа на патната инфраструктура организираат Амбасадата на Франција и Јавното претпријатие за државни патишта. 

Педестина француски и македонски професионалци ќе обедини настанот, посветен на проблематиката поврзана со патиштата.

Денот ќе биде можност за француските експерти да го споделат своето знаење со нивните македонски колеги. Претставници на француските компании „Freyssinet“ и „Sixense“, подружници на „Vinci“ во Скопје ќе презентираат дел од најнапредните технологии во оваа област.

Настанот е поддржан од Амбасадата на Франција и француската Генерална Управа за финансии и е организиран во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, како дел од новата француска стратегија за Западен Балкан, објавена од претседателот Емануел Макрон на неформалниот Самит во Берлин.