Француски амбасадор во Софија: Колку се забавува промената на Уставот, толку се одложува членството на Македонија во ЕУ


 Aмбасадорот на Франција во Бугарија, Џоел Мајер, во интервју за БГНЕС предупреди дека, колку повеќе Македонија ја забвува промената на Уставот, толку повеќе го одложува и своето членство во ЕУ. Според него, земјите од Западен Балкан имаат свое место во ЕУ ако навистина го сакаат тоа.

„Тоа се заложби кои беа реафирмирани во рамките на ЕУ, но оваа одлука за
пристапувањето не е автоматска за ниту една земја. Овие земји мора да покажат
волја и способност да се изедначат со европските стандарди. Ова значи дека
понекогаш треба да се спроведат некои прилично тешки внатрешни реформи, тешки од
гледна точка на економијата. Понекогаш тешко е тоа да се објасни на пошироката јавност, но
ако сакате да влезете во ЕУ, треба да ги спроведете овие реформи“, вели Мајер за БГНЕС.

Тој посочи дека понудата на секоја земја ќе се разгледува според сопствените заслуги и 
лични достигнувања и дека секоја земја треба да покаже дека прави напори за влез во ЕУ.

„Бидејќи Северна Македонија не е исклучок од сето она што го кажав досега, таа исто така треба да спроведе одредени реформи пред да се приклучи. Францускиот предлог е резултат на колективната работа на сите земји-членки. Тој дозволи да се создаде перспектива за пристапување на РСМ во ЕУ, бидејќи ова е од интерес на самата земја и од интерес на сите Европејци кои се нејзини соседи, односно тие да имаат соседна земја која ги исполнува европските стандарди. Ова претставува и фантастична можност за проширување на економските можности на земата, да се биде дел од европскиот пазар“, објасни францускиот дипломат.

Мејер истакнал дека предлогот што е создаден поставува услови и  јасни заложби во однос на одржувањето на добрососедството и  односите на заедниците кои се дел од македонската нација.

„Северна Македонија во оваа смисла треба да го промени својот Устав – тоа е заложбата што ја презедоа властите да ја вклучат бугарската заедница во Уставот и да ги разгледаат правата на оваа заедница. Колку повеќе PCM ја забавува промената на нејзиниот Устав, толку повеќе го одложува и своето членство во ЕУ. Не сакам да го потценам трудот што треба да се направи за да се случи тоа и што отпорите со кои мора да се соочат во едно многу националистичко општество на кое може да влијаат други земји, т.е. Русија, која има за цел да ги подели општествата. Но, ако Скопје прифати да  го промени својот Устав, тогаш можеме да сметаме дека гледа поголема причина да се приклучи на ЕУ. Овој интерес од страна на РСМ е жив и натаму, и од информациите што ги имаме  од PCM тие ги гледаат придобивките од пристапувањето и ќе се заложат за промени во нивниот Устав. Мислам дека сега треба да се зајакне дијалогот за земјата побрзо да го промени Уставот. Ако не го стори тоа, правилата на играта се јасни“, рече амбасадорот Мејер.

Тој потсети дека меѓу Бугарија и РСМ е потпишан Договор за пријателство и
добрососедство.

„Постои потпишан договор меѓу РСМ и Бугарија што подоцна беше валидиран на европско ниво, а покрај тоа има и потпишан Договор за добрососедство од 2017 година,
што подразбира и одредени заложби на двете страни. Тој вклучува и почитување на правата на бугарската заедница во РСМ, а  оттогаш се носат одлуки за да функционира ова партнерство. На пример, беа создадени комисии за зајакнување на економските врски меѓу државите, за зајакнување на културните врски – има бугарски уметници кои се успешни во РСМ. Тука мислам и на двостраната историска комисија која има за цел да постигне консензус во заедничката историја на двете земји, со идеја да може во одреден момент да се пишуваат учебници кои споделуваат иста визија за заедничката историја. Односно, било да е на институционално ниво, било да е и на ниво на комисија гледаме заедничка желба на двете страни да се стави крај на овој конфликт“, изјави амбасадорот Мејер.

Тој смета дека македонските власти се подготвени да гледаат кон иднината и верува во тоа, а европските партнери кои контактираат со нив ја испраќаат истата порака за нормализација на односите со соседните земји, вклучително и Бугарија.

„Мораме да бидеме внимателни и со провокации кои всушност не се испровоцирани од властите. Затоа што, и овде, и во Франција гледаме екстремни групи кои го прават тоа –
провокации со кои сакаат да влијаат на најнационалистичките чувства на нацијата. Мораме да  бидеме внимателни и со оние трети страни кои ги искористуваат овие слабости на
земји во ЕУ и НАТО и имаат за цел да ги поделат. За целосна нормализација на
односите мораме да ги охрабриме властите да ги исполнат преземените обврски и да ги претворат во конкретни акции“, потенцира францускиот амбасадор.