Француската полиција во акција – растури забава со 400 гости

 

Француската полиција покрена истрага поради илегална журка во близина на Париз.

Забавата, на која имало околу 400 луѓе, организирана е покрај забраната за големи приватни собири со цел борба против пандемијата, пренесе Ројтерс.

Од полицијата е соопштено дека е покрената истрага за да се утврди кои се организаторите на журката која е одржана во голема приватна куќа.

Надлежните наведуваат дека неки од присутните фрлале шишиња на припадниците на органите на редот кои се обиделе да ја растурат забавата во раните утрински часови.

Полицијата соопшти дека откриле најмалку еден позитивиен на корона вирус кој присуствувал на забавата, а апелираа останатите да се тестираат.

Премиерот на Франција Жак Кастекс во текот на оваа недела рече дека почицијата ќе ги зајакне напорите за да се обезбеди почитување на строгите мерки на карантин кои во моментот се на сила во земјата.