Француската општина Морез купи стара куќа и таму откри вистинско богатство

Морез е општина во Јура, на истокот од Франција, во близина на границата со Швајцарија со околу пет илјади жители. Општинските власти купија куќа во центарот на градот за 130.000 евра и додека ја чистеле, пронашле златни прачки и златници. Богатство е проценето на повеќе од 500.000 евра, јави дописникот на МИА.

Тоа е момент кој Лоран Петит, градоначалникот на Морез не е подготвен да го заборави. Во една од собите, особено во еден шкаф, во долниот дел е откриено богатството, им посочи тој на бројните новинарски екипи.

-Имаше тегли со мармелад, а всушност, внатре имаше златници и златни прачки.

Вкупно пет златни прачки и над 1.000 златници од 20 франци. Зградата одамна му припаѓа на семејството Јобез. Покрај богатството, овие трговци собрале и неколку скапоцености. Општинските власти пронашле и оптички уреди од крајот на 19 век, фотографии кои датираат од Втората светска војна и сметководствени документи кои овозможуваат да се трага по историјата на Морез од 1880 година до денес.

-Оваа куќа им припаѓаше на четворица браќа и сестри кои никогаш не стапија во брак. Тие живееја малку лошо и малку изолирано, објасни градоначалникот.

-Тие немаа деца и кога почина последната сестра, не беа познати директни наследници. По истражувањето, излегува дека еден жител на Морберанд ја наследил зградата, но тој не сакал да ја преземе.

Потоа го контактирал градоначалникот на Морез-От Биена за да открие дали градот ќе биде заинтересиран за оваа зграда.

По преговорите, Градот ја купи куќата за 130.000 евра.

Настанот се случил во јуни минатата година, но откриен дури сега. Се чекало на мислење, оти бил побаран совет од адвокат, кој објаснил дека градското собрание е сопственикот на богатството, како и сè што е во куќата, сега сопственост на градот.