Француската академија за медицина повика да се носат маски


Академијата за медицина на Франција денеска објави соопштение во кое ги повикува сите Французи да носат заштитни маски без одлагање.

Маските, па дури и тие изработени дома, според академијата, се единственото средство за да се спречи ширењето на епидемијата со коронавирусот. Академијата притоа подвлекува дека мерките за дистанцирање кои се воведени не се соодветни за ограничените мали простори, како лифтовите, продавниците или јавниот транспорт.

-За да биде ефикасно, носењето на маските против прскањето треба да биде за сите во јавниот простор. Оваа мерка може да има епидемиолошки ефект на движењето на вирусот, ако секое лице ја почитува (носи маска) кога ќе излезе од дома, се вели во соопштението.

Секој треба да се смета како „потенцијален носител на вирусот и дека е заразен“ Ограничувањето на носењето на маската само во јавниот транспорт е занемарување на јавниот простор каде што се уште постојат ризици, се вели во соопштението на француската академија за медицина.

Францускиот премиер во понеделникот изјави дека носењето на маска ќе биде задолжително во јавниот транспорт.