Франција започнува со тестирање на забраната за користење мобилни телефони за деца под 15 години во средните училишта
Во околу 200 средни училишта во Франција, децата на возраст под 15 години ќе мора да ги предадат своите мобилни телефони при влегувањето во училиште, во тест процес кој, доколку биде успешен, ќе се спроведе низ целата земја.
Во Франција во 2018 година беше воведена забрана за користење мобилни телефони за учениците во средните и основните училишта, но децата можеа да ги чуваат телефоните кај себе во текот на денот.
Сепак, според правилата на најавениот експериментален процес, децата во Франција по пристигнувањето на училиште ќе треба да ги предадат своите мобилни уреди кои ќе ги добијат на крајот од денот.
Како што истакна француската влада, тоа е еден вид „дигитална пауза“, а процесот ќе се спроведува до јануари, кога ќе се оценуваат резултатите и потенцијалното воведување на оваа забрана во целата земја.