Франција забранува тепање деца
Франција, 40 години по Шведска, донесе закон со кој се забранува телесно казнување деца за воспитни цели.
Законот ќе влезе во граѓанскиот законик и дел од законот ќе се чита во тек на склучување на брак.
Законот предвидува дека родителскиот авторитет не смее да се практикува со физичко или психичко насилство. Законот останува симболичен, бидејќи не предвидува казнени мерки кои веќе постојат во законикот.
Според невладините организации, околу 85 проценти од родителите во Франција користат „насилство за т.н. воспитни цели”.
-Ниту едно насилство не може да биде воспитно, изјави државниот секретар во француското Министерство за солидарност Адриен Таке.
Таа забрана ќе и овозможи на Франција да дејствува во согласност со меѓународните договори, бидејќи меѓународните институции често ја критикуваа.