Франција се повлекува од операција на НАТО поради конфликтот со Турција


Франција се повлекува од средоземноморската операција на НАТО во момент на зголемени тензии со Турција.

– Франција се повлекува од операцијата на НАТО за морска безбедност, се додека не добие одговор поради загриженоста во врска со однесувањето на својот сојузник во Алијансата – Турција, изјави претставник на француското Министерство за одбрана.

Тој истакна дека „земјата донела одлука за времено повлекување на средствата од операцијата „Морска стража“, се додека не се реши загриженоста на Франција“.

Одлуката на Франција следува по ескалирање на тензиите со Турција во врска со либискиот конфликт.