Франција планира да протера 231 осомничен екстремист
Франција има намера да протера 231 странец од владиниот список со лица осомничени дека имаат екстремни верски убедувања, изјави извор од полицискиот синдикат за британските медиуми, два дена откако еден чеченски исламист обезглави наставник во Париз.
Екстремистите во Франција се дефинираат како „луѓе кои, во процес на радикализација, најверојатно сакаат да заминат во странство и да се приклучат на терористички групи или да учествуваат во терористички активности“.
Британските медиуми потсетуваат дека центристичката влада на претседателот Емануел Макрон е под притисок на конзервативните и крајно десничарските партии да заземе поцврст став кон ова прашање.