Франција одобри да се создадат војници како од научна фантастика
Бионички војници досега беа поим во научната фантастика, а наскоро може да се појават и на боиштата ширум светот. Поточно, војници кои на себе имаат напредна технологија поради која нема да чувствуваат болка, ќе имаат натчовечки способности и микрочипови во себе, може наскоро да станат дел од редовните француски воени сили.
Имено, францускиот етички одбор на Министерството за одбрана даде зелено светло за развој на такви технолошки и биотехнолошки можности.
Францускиот одбор ги прогласи за „клучни за борба“, а во појаснувањето на одлуката наведуваат дека вградувањето на микрочипови во војниците ќе овозможи со постепено отпуштање средства за опуштање, да ги направи војниците поотпорни на болка , стрес и умор.
Микрочиповите може да одат и чекор понатаму, па на војниците да им овозможуваат „поврзување“ со ситеми за вооружување, навигацијам а можеби и со комуникациски системи. Француската војска дури размислува и за стварање протетички додатоци за на војниците да им овозможи напредни физички, когнитивни и психолошки способности.
Сепак, тоа не значи дека француските војници ќе станат бесчувствителни роботи и воени машини. Според планот на одборот, војниците покрај сите унапредувања треба да ги почитуваат воените и хуманитарните правила.
Француската министерка за одбрана. Флоренс Парли, истакна дека не очекува дека бионичките војници ќе станат стварност во француската војска во блиска иднина, но додава дека нужно е да се створат предуслови за користење таква технологија и биотехнологија во француската војска.